Тејлор Свифт доминира на Европските музички награди на Ем-ти-ви
Тејлор Свифт освои четири статуетки на годинешните Европски музички награди на Ем-ти-ви (MTV EMA’s) вклучувајќи ја и таа за најдобро видео за 10-минутната песна All Too Well.
Во спотот за овој хит Свифт црпи инспирација од Холивуд од 70-тите и раскажува приказна за романтична врска која се распаѓа оставајќи зад себе само тага и спомени.
Двојни добитници на награди беа Ники Минаж во категориите најдобра песна и најдобар хип-хоп, а францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета во категориите најдобра електроника и најдобра соработка.
Британската поп-ѕвезда Хари Стајлс освои награда во категоријата најдобра изведба, а Тајланѓанката Лалиса Лиза Манобан за најдобар К-поп. Јужнокорејскиот бенд БТС, глобална К-поп сензација, победи во категоријата најголеми фанови.
Годинешниот победник на Евросонг, украинскиот бенд „Калуш оркестра“, на церемонијата ја изведе песната „Стефанија“ во арена осветлена со сино-жолтите украински национални бои. Фронтменот на бендот, Олех Псиук, пред шоуто изјави дека се надева оти в година ќе бидат присутни повеќе украински бендови.
Водители на шоуто беа Рита Ора и филмскиот режисер Таика Ваитити, кои се венчаа оваа година.
Comments