top of page

„Тешко е да се разбере, не можам да објаснам, ова е кошмар!“

Updated: Mar 25, 2022

24.03.2022 Mart Cetvrtok

Еден од главните креативци на Италија, Марко Верати, не можеше да најде зборови за да објасни што се случи во натпреварот во Палермо, кој Македонија го доби со 1-0.

Играчот за врска за „РАИ“ изјави дека овој пораз е тешко да се објасни, со оглед на супериорноста што ја имаше Италија. „Тешко е да се разбере што се случи. Доминиравме на овој меч и требаше да победиме. Мораше да победиме. Мораше да постигнеме гол рано и да го затвориме натпреварот, бидејќи бевме супериорни и можевме подобро од ова. Многу е тешко да се објасни. Ова е кошмар.“, рече Верати. Неговата Италија падна во амбисот како актуелен европски шампион, а веројатно со фудбалерите и новата, модерна игра има квалитет да се надева и на светска титула, но... „Гледајќи низ соблекувалната, гледам фудбалери кои се способни да играат за пехарот на СП, но еве нè, зборуваме за катастрофа. Многу е тешко. Сега мора да си поставиме некои прашање. Секако дека немавме среќа, но некогаш сами треба да си ја создадете среќата“, додаде Верати.


 
 
 

Comments


bottom of page