top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ТЕШКО Е ДА СЕ ГЛЕДА МАРТИ ВО ОВАА СОСТОЈБА: Средбата на двајцата актери од „Враќање во иднината“ ги

ТЕШКО Е ДА СЕ ГЛЕДА МАРТИ ВО ОВАА СОСТОЈБА: Средбата на двајцата актери од „Враќање во иднината“ ги расплака сите (ФОТО и ВИДЕО)Ѕвездите на филмот „Враќање во иднината“, Мајкл Џеј Фокс и Кристофер Лојд, овој викенд се сретнале на фестивалот „Comic Con“ во Њујорк.

Дури 37 години подоцна, откако беше објавена научно-фантастичната трилогија на режисерот Роберт Земекис, актерите учествувале на еден од панелите, зборувајќи за своето пријателство, кариера и снимањето на култната сага. „Најдобриот дел од овој филм беше работата со Крис. Тој просто е генијален“, изјавил Мајкл. Џеј Фокс, помеѓу останатото, зборувал и за болеста од која боледува повеќе од 30 години. За потсетување, на 29-годишна возраст, кога неговата професионална кариера беше на врвот, му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. И покрај тешкото одење и стоење, актерот на крајот го прегрнал својот филмски колега, а тој особено емотивен момент публиката го дочекала со овации. Видеото од оваа емотивна средба расплакало многумина. „Мајкл е многу храбар“, „Не можам да престанам да плачам“, „Толку ми е тешко да го гледам Марти во ваква состојба“, се некои од коментарите.








1 view

Comments


bottom of page