Техничките раководители на Ф1 ќе почнат серија состаноци за правилата
- Aleksandar Santovski
- Apr 16
- 2 min read
15.04.2026 April Sreda
Сите засегнати страни имаат постојан став дека ќе се одржи структуриран преглед по првата фаза од сезоната, за да се овозможат собирање и анализа на доволно податоци. Затоа, во април се закажани голем број состаноци за да се процени функционирањето на новите регулативи и да се утврди дали се потребни подобрувања. Секое потенцијално приспособување, особено оние што се поврзани со управувањето со енергијата, бара внимателна симулација и детална анализа, изјави ФИА, пренесе „Ројтерс“
Најдобрите технички експерти во Формула 1 (Ф1) ќе се состанат идната недела на првиот од серијата состаноци за да разговараат за новите правила за моторите во спортот и какви измени треба да се направат по три трки, пишува агенцијата „Ројтерс“. Малку е веројатно дека ќе има многу непосредни вести од она што ќе биде продолжена дискусија во следните неколку недели пред да се донесат какви било одлуки, вклучувајќи и веројатни промени во софтверот околу енергијата.
Новите погонски единици, поделени приближно 50-50 помеѓу електричниот и моторот со внатрешно согорување, донесоа нови предизвици. Возачите мора тактички да го отпуштат гасот рано и да се движат во свиоци со голема брзина, што нормално би било голем тест за храброст, за да може моторот со внатрешно согорување да ја наполни батеријата. „Суперклипинг“ е кога енергијата автоматски се пренасочува од моторот кон батеријата, со ефект на забавување на автомобилот на правите делови на патеката дури и ако возачот сака да вози со полн гас, пишува „Ројтерс“.– Сите засегнати страни имаат постојан став дека ќе се одржи структуриран преглед по првата фаза од сезоната, за да се овозможат собирање и анализа на доволно податоци. Затоа, во април се закажани голем број состаноци за да се процени функционирањето на новите регулативи и да се утврди дали се потребни подобрувања. Секое потенцијално приспособување, особено оние што се поврзани со управувањето со енергијата, бара внимателна симулација и детална анализа – изјави Меѓународна автомобилска федерација (ФИА) по трката за големата награда на Јапонија во март, пренесе „Ројтерс“.
На состанокот на техничките експерти в четврток, без присуство на директорите на тимовите, ќе се разговара за идеи и за опции, ќе има и нов собир една недела подоцна, а потоа директорите на тимовите, Меѓународната автомобилска федерација и Формула 1 ќе се состанат на 20 април, при што се очекува да се појават предлози и да бидат ставени на онлајн гласање, пишува „Ројтерс“. Возачите во Формула 1 се консултирани за нивниот придонес, некои се изјаснија во корист на новата форма на трки, други беа многу критични, пишува „Ројтерс“. Н.М.






Comments