Search
Тениско лудило: Пропушти меч топка, па го „нокаутираше“ судијата
Тенисот важи за џентлменски спорт, но многупати имаме видено како главните актери на теренот знаат да ја загубат главата, да се исклучат и да ја искажат, „испукаат“ сета нервоза, фрустрација.
Токму еден таков момент имаше Марк Полманс на Матерсот во Шангај или поточно во квалификациите каде имаше скоро, па добиен меч против Стефано Наполитано, ама беше дисквалификуван откако имаше момент на лудило.
Тенисерот од Австралија имаше предност од 1-0 во сетови и водеше со 6-5 во тај брејкот на вториот по што пропушти меч топка. Потоа се исклучи и со топка (не)намерно го погоди судијата по што следуваше негова дисквалификација, односно му овозмможи победа на Италијанецот.
Comentarios