Search
Тенисерките ќе играат во финалето на Били Џин Кинг Купот
Женската тениска репрезентација на Македонија оствари триумф над Косово во полуфиналето на Били Џин Кинг Купот.
Оваа победа значи дека нашиот национален тим ќе има можност да обезбеди пласман во повисок ранг на ова натпреварување ( втората Евроафриканска група), но за да се случи тоа ќе мора да го добијат подобриот од дуелот меѓу Португалија и Република Ирска.
Инаку денешниот тим за Македонија го донесоа Магдалена Стоилоковска и Лина Ѓорчевска. Прво Стоилковска со 2-0 во сетови беше подобра од Доника Башота, додека потоа нашиот најдобар рекет Ѓорческа со 6-2 и 6-2 славеше над Адријана Лекај.
Comments