Search
Тенисерките со „пет од пет“ ја завршија првата фаза на „Били Џин Кинг Купот“ во Скопје
- Aleksandar Santovski
- Jun 23, 2023
- 1 min read
Македонската женска репрезентација ја продолжи перфектната серија на Били Џин Кинг Купот што се игра во Скопје, односно против Молдавија дојде до „пет од пет“ во првата фаза во групата Б од Третата Европска зона.
Нашата селекција славеше со 3-0, а поените ни ги донесоа Магдалена Стоилковска, Лина Ѓорческа и дубл-комбинацијата Ива Данева и Александра Симева.
Прво својата задача си ја одработи Стоилковска која беше подобра од Даниела Чобану, потоа Ѓорческа ја суреди Екатерина Висневскаја за да на крајот Данева и Симева ги ги надиграат Лиа Белибова и Арина Гамреткаја со 2-0 во сетови (63 и 75).
Противник на Македонија во утрешното финале ќе биде селекцијата на Ерменија која заврши на првата позиција во групата А.

Comments