top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тенисерките поразени во неизвесната пресметка со Португалија

Македонската репрезентација загуби од Португалија со вкупен резултат од 1-2 во финалето на купот Били Џин Кинг за тенисерки, трета група Европа/Африка, одиграно во Скопје.

Португалија го освои решавачкиот поен добивајќи го дуелот во двојки, во кој сестрите Франциска и Матилде Жорж ја совладаа македонската комбинација Лина Ѓорческа – Магдалена Стоилковска со 6-4, 4-6 и 6-4 по сетови, по речиси два и пол часа игра.

Претходно Португалија поведе со 1-0 откако Матилде Жорге ја победи Стоилковска со 7-6 и 6-3, додека Ѓорческа изедначи на 1-1 во поени со триумфот над Франциска Жорге од 6-1 и 6-1.

Македонија на тој начин не успеа да избори повисок ранг во купот Били Џин Кинг.


0 views

Hozzászólások


bottom of page