Search
Тенисерките лесно го решија и Исланд
- Aleksandar Santovski
- Jun 22, 2023
- 1 min read
Женската репрезентација на Македонија продолжи да ниже победи во групата Б од Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот.
Во четвртото коло нашите тенисерки го суредија Исланд со максимални 3-0. Магдалена Стоилковска го најави убедливиот триумф со славје над Ана Софија Гронхолм со 2-0 во сетови (61 60) за да потоа Лина Ѓорческа и препушти два гејма на Софија Солеј Јонасдотир.
Со оглед на тоа што се беше јасно, во игра на двојки шанса добија Александра Симева и Ива Данева кои славеа над Ана Софија Гронхолм и Софија Солеј Јонасдотир со 6-3 и 6-3.
Ние имаме четири од четири, нареден ривал ни е селекцијата на Молдавија.

Comments