Search
Тенисерките го преслушаа Азербејџан во Били Џин Кинг Kупот
- Aleksandar Santovski
- Jun 20, 2023
- 1 min read
Женската тениска репрезентација на Македонија забележа нов триумф во Третата Европска зона од Били Џин Кинг Купот што се игра во Скопје.
По вчерашната победа над Албанија од 3-0, денеска со истиот резултат беше решена селекцијата на Азербејџан и тоа во дуели во кој не настапи нашиот најдобар рекет, Лина Ѓорческа.
Првиот поен ни го донесе Александра Симева која славеше над Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (61 61). Потоа Магдалена Стоилковска ја реши Лала Еивазова со 2-0 за да во игра на двојки Ива Данева и Ана Митевска ги надиграт Лала Еивазова и Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (60 60) за 31 минута.
Утре имаме тежок тест, битка со првиот носител селекцијата на Финска.

Comments