top of page

Тенисерката која ја елиминира Ѓорческа на Вимблдон пиеше пиво за време на меч (Видео)

18.08.2026 Avgust Vtornik

Аманда Анисимова е тенисерка која припаѓа на светската тениска елита, а периодов се обидува да ја врати препознатливата форма откако се врати по паузата поради повреда.

На Вимблдон, американската тенисерка ја совлада нашата гордост Лина Ѓорческа во првото коло на турнирот, подоцна не успеа да стигне до завршницата на грен-слем турнирот, а сега повторно е актуелна поради потегот кој го направи на меч во Синсинати.

За време на една од паузите меѓу гејмовите, Анисимова извади мистериозен пијалок кој отвори сериозна дебата меѓу коментаторите и фановите.

Се појавија различни варијанти и претпоставки, се споменуваат енергетски пијалоци и сајдери, но најпроширена е таа дека Анисимова навистина пиела пиво, што е навистина нешто што ретко се гледа во елитниот тенис.Со помош на мистериозниот пијалок, Анисимова направи пресврт на дуелот со Ила и си обезбеди осминафинале во Синсинати.


 
 
 

Comments


bottom of page