ТЕНИС – ТУРНИР ВО ШПАНИЈАЃорческа почна со победа за 76 минути
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (268. на ВТА-листата), почна со победа на ИТФ-турнирот што се игра во шпанскиот град Манакор. Ѓорческа, по 76 минути игра, ја совлада домашната претставничка Роса Висенс Мас (482. на ВТА-листата) со 6-2, 6-4. На турнирот, кој се игра на тврда подлога, со награден фонд од 25.000 долари, Македонката во осминафиналето ќе се сретне со победничката од дуелот помеѓу Холанѓанката Лесли Патинама Керхове (142.) и Американката Ашли Леи (640.).
ВОДНИ СПОРТОВИ
За шест месеци две светски првенства
Светската пливачка федерација уште еднаш го одложи Светското првенство (СП) во ватерполо и во водни спортови. СП требаше да се одржи лани во Фукуока, но поради одложувањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио беше презакажано за периодот од 13 до 29 мај годинава. По новото одложување, тоа сега треба да одржи од 14 до 30 јули 2023 година. Сменет е датумот на СП во Доха од ноември 2023 година во јануари 2024 година. Тоа значи дека за само шест месеци ќе се одржат две светски првенства. Потоа следува ЛОИ, на крајот на летото во 2024 година. На СП во спортови на вода, има ватерполо, пливање, скокови, уметничко пливање и пливање на отворено.
Comments