top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тен Хаг ја затвори вратата за големата трансфер цел на ПСЖ, па се осврна на Роналдо: Ќе видите утре…

По големото разочарување во воведното коло во Премиер лигата кое значеше и деби за Ерик Тен Хаг во англиската елита, Манчестер Јунајтед сега патува надвор од „Олд Трафорд“ и утре ќе игра против Брентфорд.

Холандскиот стручњак порача дека направил комплетна анализа на поразот од Брајтон и дека најважно за тимот ќе биде да ги научи лекциите, но вистинскиот одговор ќе го добие утре попладне на теренот против тимот на Франк.

На денешниот прес, Тен Хаг не сакаше да открива дали Кристијано Роналдо ќе добие шанса во стартната постава, но затоа даде сигурна изјава поврзана за Маркус Рашфорд и интересот кој го пројави ПСЖ за негов ангажман.

– Маркус е многу важен за нас и така е од првиот ден кога сум јас тука. Многу сум задоволен од него и не сакам да го загубам. Тој дефинитивно е дел од моите планови и останува во Манчестер Јунајтед.

– Роналдо имаше добра тренинг недела, играше нешто повеќе од половина час против Брајтон и има два меча од по едно полувреме. Ќе видите утре дали ќе биде во стартната постава. Тоа е мојата одлука и си ја чувам за себе, вие ќе дознаете утре, – порача Тен Хаг.


0 views

Comments


bottom of page