top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тен Хаг со јасна порака до управата на Јунајтед за следната цел на трансфер пазарот

Ерик Тен Хаг доби неколку засилувања во краток временски интервал, но сега самиот побара од раководството да продолжи да работи и да се насочи кон носење на играчи со офанзивни карактеристики. „Ѓаволите“ ги добија Маласија, Ериксен и Мартинез и иако овие потези се пофалени од страна на Холанѓанецот, тој верува дека ќе му биде потребен многу поширок ростер за напорната сезона која насредина ќе биде прекината поради Светското првенство. – Среќни сме од тоа што го добивме досега, последен е Ериксен, тој е играч за развој на средниот ред. Задоволен сум од перформансите на средниот ред на турнејата која ја имаме досега. – Сепак, оваа сезона ќе биде долга и не се работи само за тимот кој истрчува на теренот. Потребен е добар состав за да има добри резултати на крајот од сезоната. Ги бараме вистинските играчи и мора да го засилиме составот. – Јасно е дека ќе ни требаат повеќе опции во офанзива, ќе биде клучно за да имаме добра сезона. Во моментов не сум загрижен Роналдо и фокусиран сум на играчите што се тука. Целта ни е да го вклопиме Роналдо во нашите замисли, – изјави денеска Тен Хаг.


1 view

Comments


bottom of page