Тен Хаг предупредува пред летниот преоден рок: Парите не функционираат сами
Манчестер Јунајтед вечерва против Челси ќе брка заверка на топ четири пласманот кој носи играње во Лигата на шампионите наредната сезона, услов кој е многу важен за исполнување со оглед на финансиите кои ги добиваат клубовите за влез во елитата.
Место меѓу најдобрите е исклучително важно и за привлекување на елитни фудбалери кои сакаат да играат фудбал на највисоко ниво, а во ситуација кога Јунајтед се подготвува за втор летен преоден рок во кој ќе се потрошат доста пари, Ерик Тен Хаг потенцира дека мора да се делува паметно.
Изминативе девет месеци за Челси се добар пример дека парите не гарантираат успех, особено ако се купува хаотично и избрзано како што тоа го правеше бизнисменот Тод Боли, а неговото лошо менаџирање очигледно му послужи и како пример на Холанѓанецот кој го води Јунајтед од клупата.
– Во овој момент, Премиер лигата е централно место за сите добри фудбалери и за најдобрите тренери во светот. Исто така, тука се вртат и најмногу пари, се е тука во Велика Британија.
– Се ова прави лигата да биде навистина тешка, но истовремено, мора да правите добри и правилни работи. Може да имате пари, но мора да ги трошите на правилен начин и со претходно направена стратегија, бидејќи во спротивно, парите не функционираат сами од себе. Кога нема стратегија зад парите, парите не можат да направат ништо сами. Сметам дека сме на добар пат, но треба да извлечеме поуки од оваа сезона и да продолжиме понатаму, – изјави Тен Хаг.
Comments