Тен Хаг не се откажува од Де Јонг: Има уникатен квалитет, тој би бил…
Манчестер Јунајтед вечерва и гостува на Барселона во првиот меч од нокаут фазата во Лига Европа.
Премиерлигашот ќе се обиде да оствари што е можно подобар резултат на „Камп Ноу“ и со тоа да биде чекор поблиску до пласман во наредната фаза. Еден од играчите кој може да им наштети на „црвените ѓаволи“ е Френки Де Јонг кој сега има позначајна улога во Барселона сега кога е недостапен Серхио Бускетс, а тоа многу добро го знае менаџерот Ерик Тен Хаг.
Холанѓанецот е свесен за квалитетите на сонародникот со кого имаше фантастична соработка во Ајакс, па во најавата за вечерашниот натпревар меѓи редови дефинитивно порача дека не се откажува од тоа да го види на „Олд Трафорд“ во блиска иднина.
-Во 2019 година, имаше многу фасцинација со тој тим на Ајакс. Френки донесе многу од таа фасцинација и тој се разви во текот на следните години во Шпанија.
-Фантастичен играч кој стана уште подобар. Играјќи од назад, тој секога има време. Беше задоволство да работам со него. Би бил засиливање за секој тим на светот. Тој има уникатен квалитет, -порача Тен Хаг.
Френки има договор до 30 јуни 2026 година и иако ја напушти Барселона тоа би било само од финансиски причини со оглед на тоа што сега има исклучително важна улога во екипата.
Comentarios