Тен Хаг истакна негативна страна во играта на Њукасл: Не ми се допаѓа, но им поминува
Ерик тен Хаг и Манчестер Јунајтед вчера славеа голема победа над Барселона и елиминација на големиот европски ривал, а од денес веќе се концентрираат на финалето на Лига купот.
Противник на Манчестер Јунајтед во недела ќе му биде Њукасл, а холандскиот стручњак неочекувано испратил критики на сметка на ривалот за трофејот во Карабао купот.
– Њукасл е иритантен тим.
– Пробуваат да те успорат со нивниот стил и непотребно трошење на времето, а најчесто успеваат во тоа.
– Затоа, нам ни е потребна брзина и фокусирање на фудбалот, да не дозволиме да паднеме во нивната стапица.
– За нас ова е добра можност да освоиме трофеј и да ставиме крај на чекањето меѓу фановите, – вели менаџерот чија екипа последен пат освои трофеј во 2017 година.
Според статистиката, на натпреварите на Њукасл топката е во игра 51:47 минути, што е второ најкратко време во Премиер лигата. Најмалку се игра фудбал на дуелите на Лидс, а најмногу на Манчестер Сити (60:17 минути). Манчестер Јунајтед е на шестото место со просек од 55:44 минути.
Comments