top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тен Хаг испрати прва порака: Запознаен сум со две работи во Јунајтед, решен сум да развијам тим!

Манчестер Јунајтед ова попладне стави крај на сите дилеми и го потврди Ерик Тен Хаг како наследник на Ралф Рангник, односно соопшти дека Холанѓанецот ќе ја преземе најодговорната функција по крајот на сезоната.

Актуелниот тренер на Ајакс стави потпис на тригодишен договор кој може да биде продолжен за плус една сезона до 2026-та година, па откако информацијата стана официјална, и тој се ослободи и ги испрати првите зборови како иден менаџер на Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг во изминатиот период свесни ги игнорнираше сите прашања од новинарите поврзани за клубот од „Олд Трафорд“, но откако двата клуба ја договорија висината на отштетата, стручњакот се огласи преку официјалната страна на Јунајтед.

– Вистинска чест е што сум назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед и премногу сум возбуден пред големиот предизвик. Запознаен сум со две работи, позната ми е историјата на клубот и страста на фановите. Решен сум да создадам и развијам тим кој ќе биде способен да го постигне успехот кој го заслужуваат историјата и фановите.

– Ќе биде тешко за мене што го напуштам Ајакс после толку убави години, но можам да ги убедам фановите на Ајакс дека целиот фокус ќе остане ист до крајот на сезоната и се надевам на успешен финиш пред заминувањето во Манчестер Јунајтед, – вели Тен Хаг.


2 views

Comentarios


bottom of page