top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тен Хаг издвои еден играч на Јунајтед: Тој не водеше од првата минута

Манчестер Јунајтед обезбеди сигурна победа над Бетис од 4-1 во првата средба од осминафиналето на Лига Европа, па сега со една нога е во четвртфиналето во ова натпреварување.

Премиерлилигашо претрпе дебакл во неделата од Ливерпул (7-0), но тоа не беше пречка, проблем за менаџерот Ерик Тен Хаг да ги изведе сите тие играчи од почетната постава на пресметката со Бетис, тие одговорија на висината на задачата и остварија триумф кој дефинитивно ќе им ја крене самодовербата пред новите предизвици.

Менаџерот Ерик Тен Хаг беше задоволен од реакција, победата на Јунајтед, а притоа го издвои капитенот Бруно Фернандеш кој заработи најмногу критики по дебаклот на „Олд Трафорд“.

-Беше брилијантен. Го водеше тимот од првата минута, кога ја имавме топката го контролираше ритамот на играта и даде гол, -истакна Холанѓанецот.


2 views

Comments


bottom of page