Тен Хаг за играчот кој доби критики од навивачите на Јунајтед: Мора да постигнува голови
Манчестер Јунајтед ќе има нова пресметка против Лидс Јунајтед во Премиер лигата само неколку дена по првата која ја имаа на „Олд Трафорд“, со тоа што тимот на Ерик Тен Хаг ќе биде гостин на „Еланд Роуд“. По одложениот натпревар од осмото коло, распоредот посака двата тима да одиграат меѓусебно и во редовното 23-то коло кое е на програмата овој викенд, а натпреварот е закажан за в недела во 15:00 часот. Тоа ќе биде интересен предизвик за двата тима, а во најавата за истиот, Тен Хаг го коментираше изданието на Алехандро Гарначо кој пропушти две изгледни шанси во првото полувреме. После тоа, Аргентинецот беше изваден од игра и имаше нервозна реакција кога го напушташе теренот, за што доби критики и од навивачите на Јунајтед. – Сметам дека Алехандро добро се развива, има влијание врз нашата игра и секогаш е опасност. Имаше добри шанси во средата, носеше живост во нападот и влезе во шанси, но едноставно мора да постигне и гол. На крајот, се се сведува на гол. Како офанзивен фудбалер, мора да бидете во листата на стрелците, или во листата на асистенти. Очекуваме од него и други работи, но главно го очекуваме тоа, да има добро влијание и да прави разлика во нападот. – Што се однесува до неговата реакција, тоа за мене е позитивно. Тој е голем емотивец и тоа е неговата предност. Сака да победува, сака да игра фудбал и не сака да мине ниту една минута надвор од фудбалскиот терен. За мене тоа е добра работа, – вели Тен Хаг.
댓글