top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тежок пад – Олимпискиот шампион заврши во болница

Најголемиот фаворит за освојување на златниот медал во BMX, Американецот Конор Филдс, заврши во болница. Тој имаше тежок пад во квалификациите на Олимписките игри во Токио. По првите две квалификациски рунди Филдс се наоѓаше на четвртото место, но по еден скок во третата рунда, доживеа незгоден пад. Остана да лежи на патеката, а откако доби медицинска помош, на носилки беше изнесен од стазата и префрлен во болница. Заедно со Филдс на патеката завршија уште двајца натпреварувачи, но тие минаа без посериозни повреди. Филдс поради повредата не се појави во финалето, каде требаше да го брани златниот медал освоен во Рио де Жанеиро. Нов олимписки шампион стана Холанѓанецот Ник Киман.


3 views

Comments


bottom of page