Тевез: Меси е еден во ПСЖ, а друг во Аргентина
Лионел Меси ја завршува својата прва професионална сезона надвор од Барселона, сезона која дефинитивно нема да ја памети.
Аргентинецот не блескаше онака како што посакуваше во ПСЖ и доста често заработуваше критики во јваноста и од некои познати поранешни француски играчи, а целата приказна, ситуација доби дополнително на интензитет кога „светците“ испаднаа од Лигата на шампионите, па почнаа да го исвиркуваат и навивачите на клубот.
Како што засега стојат работите тој не планира да си замине и ќе остане во клубот и во натпреварувачката 2022/2023, но според Карлос Тевез во моментов постојат две лица на Лео-едно на клупско и друго на репрезентативно ниво.
-Еден е Меси кога е во ПСЖ, а друг кога ќе дојде во репрезентацијата. Вториот е посреќен, првиот е „пола-пола“, -изјави Тевез во ТВ емисија на „Канал9“.
Comentarios