top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тебас нетрпелив: Англичаните доцнат со казната за Манчестер Сити

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас не пропушта да ги коментира случувањата со Супер лигата, но и Манчестер Сити на кого му се заканува казна од Премиер лигата.

Шпанецот повторно зборувал за актуелниот англиски шампион и смета дека одговорните во Англија доцнат со одлуката за казната, бидејќи обвинението е повеќе од јасно.

– Престапите биле направени уште во 2017 години и не се случуваше ништо до оваа година кога беше објавено обвинението.

– Веќе знаеме дека направиле над 100 прекршоци, Премиер лигата веќе требаше да ја соопшти санкцијата.

– Барселона е многу важен тим за Ла Лига, но ако јас не им ги следев финансиите, ќе имаа големи проблеми и беа закана по целиот систем. Со актуелните бројки, тешко ќе можат да прават трансфери претстојното лето, – изјавил Тебас.


2 views

Comments


bottom of page