Тајра Бенкс изгледа посамоуверено од кога било додека позира во реклама за „СКИМС“
Таа говори отворено за борбата со самодовербата и тежината на своето тело, и покрај тоа што е врвна модна ѕвезда, главен уредник и домаќин на реалното шоу America’s Next Top Model (Следниот топ-модел на Америка). Но, на 48 години Тајра Бенкс никогаш не делувала посигурно откако ги воодушеви фановите со своето појавување во најновата кампања за „СКИМС“, брендот на Ким Кардашијан. Поранешната манекенка и претприемач гордо ја покажа својата фигура во фотосесија што беше претставена во понеделникот, а Тајра позира во низа парчиња на брендот. Во 2018 година Тајра се отвори за предизвиците да се биде позитивен пример за тело во интервју за „Пипл“, каде што призна: „Порано се чувствував како моето тело да не е мое“. „Бев премногу слаба или преголема. И некогаш се чувствував како да ги изневерувам луѓето ако ослабам“, објасни таа.
Comments