Тај-брејкот „до десет“ ќе се користи на сите грен-слем турнири
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
Четирите тениски грен-слем турнири денеска објавија дека постигнале согласност за имплементирање на решавачки тај-брејк на сите изданија на најпрестижните настани секоја година.
Во ситуација кога се игра петти сет во машка или трети сет во женска конкуренција, победникот ќе биде решаван со тај-брејк во кој еден од тенисерите ќе победи кога прв ќе стигне до десет или повеќе поени со два или повеќе поени разлика.
Организаторите на грен-слем турнирите на овој начин се обидуваат да ги скратат мечевите кои понекогаш траеја со часови поради долгиот петти сет, а најавија дека се подготвени за нови измени доколку првичниот пробен период не ги задоволи најавените подобрувања.
Имплементацијата започнува од годинешниов Ролан Гарос, а ќе продолжи и на Вимблдон, Ју-Ес Опен и Аустралијан Опен, по што ќе бидат извлечени заклучоци за иднината.

Comments