Новиот документарен филм за Бритни Спирс открива дека таткото Џејми Спирс имал толку многу контрола врз животот на поп-sвездата, што дури ги надгледувал нејзините текстуални пораки, телефонски повици и историјата на интернет-прелистувањето.Пејачката, која почна правна битка за да си ја врати контролата над својот живот и финансиите, наводно го изненадила својот тим кога побарала нов „ајфон“, а обезбедувањето добило инструкции да инсталира родителски надзор на телефонот за да може други луѓе да добијат пристап до нејзините пораки, повиците и до историјата на прелистувањето.Говорејќи во новиот документарен филм Controlling Britney Spears – објавен во петокот, Алекс Власов, поранешен член на обезбедувањето (Black Box Security) од 2012 до 2021 година, рече: „Бритни сакаше да набави ‘ајфон’ и тоа беше многу чудно. Сите бевме загрижени“.„Мојот шеф (Идан Јемини) ми пријде и ме праша: Дали постои начин за следење ‘ајфон’? И кога му реков да појасни на што мисли, тој одговори: „Па, родителски надзор (Parental Control). Дали може да се инсталира родителски надзор на ‘ајфон’“?„И тогаш Идан ми објасни дека комуникацијата на Бритни се следи за нејзина сопствена безбедност и заштита“.Алекс не бил сигурен во законитоста на таквото барање и му било кажано дека судот знаел за следењето на нејзините комуникации, што на крајот доведе до клонирање на телефонот на Бритни на „ајпад“, кој бил чуван во сеф.„Идан ми рече: ‘Да, судот ова го знае. И адвокатот на Бритни исто така. Ова е за нејзина безбедност. Ова е за нејзина заштита’“.Новиот адвокат на 39-годишната пејачка, Метју Розенгарт, вети дека „целосно и агресивно ќе ги испита овие работи“.Тој нагласи: „Прислушувањето или следењето на комуникациите на Бритни, особено светите комуникации адвокат – клиент, претставува срамно и шокантно кршење на нејзините права на приватност и граѓански слободи“.
Comments