Search
Таткото на Бритни ја задржува контролата над нејзиниот живот
Американски судија го одби барањето на Бритни Спирс да го отстрани нејзиниот татко од улогата на траен старател. Во ноември минатата година адвокатот на поп-sвездата побара од судот во Лос Анџелес да стави крај на контролата на таткото Џејми Спирс врз нејзиниот имот. Иако барањето е одбиено, пресудата не е одговор на експлозивното сведочење на Спирс на суд минатата недела. Говорејќи 23 минути, Бритни тврдеше дека била дрогирана, принудена да настапи спротивно на нејзината волја и спречена да има деца.
Comments