top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Таткото на Бритни Спирс се откажува од контролата врз нејзиниот имот од 82 милиони долари

Џејми Спирс се согласи да се повлече од неговата 13-годишна улога како старател-конзерватор на имотот на неговата ќерка Бритни, во она што адвокатот на поп-sвездата го нарече голема победа. „Задоволни сме што г. Спирс и неговиот адвокат денес се согласија тој да биде отстранет од надзорот врз неговата ќерка“, Метју Розенгарт, адвокатот на пејачката, изјави во петокот. Спирс, кој контролира голем дел од приватниот живот и финансиите на неговата ќерка откако таа доживеа нервен слом во 2008 година, се согласи да се повлече и ваквата одлука ја наведе во судски документи поднесени во четвртокот. Поп-sвездата со месеци се обидува да издејствува правна и финансиска слобода и инсистира нејзиниот татко повeќе да нема целосна контрола врз нејзиниот живот. Судското рочиште за расправа по ова прашање е закажано за крајот на септември во Лос Анџелес. Розенгарт одлуката на Џејми Спирс ја нарече „голема победа на Бритни Спирс и уште еден чекор кон правдата“.


1 view

Comments


bottom of page