top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Таткото на Бритни Спирс поднесе документи за укинување на старателството

Таткото на Бритни Спирс во вторникот поднел документи до судот во Лос Анџелес за да стави крај на 13-годишниот конзерваторски надзор врз нејзиниот живот и финансии.

Џејми Спирс напиша дека неговата ќерка има право овој суд сега да процени дали ваков вид на надзор повеќе не е потребен.

Спирс се обиде двапати во последните две години да го отстрани од улогата и да ја врати контролата врз својот живот. Поп sвездата ја опиша нивната врска како насилна и изјави дека нема да настапува сè додека татко ѝ раководи со нејзиниот живот.

Судскиот поднесок на нејзиниот татко доаѓа два месеци откако пејачката сведочеше пред судот, повикувајќи на итно прекинување на спорното старателство.

„Неодамнешните настани поврзани со ова конзерваторство доведуваат во прашање дали околностите се промениле до тој степен што основите за формирање на истото веќе не постојат,“ стои во документот кој таткото го поднесе до Врховниот суд во Лос Анџелес.

Во поднесокот се наведува дека Џејми Спирс сè што сака е она што е најдобро за неговата ќерка.

„Ако госпоѓа Спирс сака да го прекине старателството и верува дека може да се справи со сопствениот живот, господин Спирс верува дека треба да ја добие таа шанса,“ наведено е во документот.



0 views

Comments


bottom of page