Таткото на Бритни Спирс повеќе нема да има надзор над нејзиниот имот
30.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Таткото на Бритни Спирс, Џејми Спирс, е суспендиран од конзерваторскиот надзор над имотот на поп-пејачката, одлучи судија во Лос Анџелес во средата. На новото судско рочиште за долготрајниот спор судијката Бренда Пени рече дека останувањето на Џејми Спирс задолжен за имотот на неговата ќерка е неодржливо. Џејми ќе мора да му ги предаде сите документи на Џон Зејбл, овластен јавен сметководител, кој беше назначен за привремен конзерватор на имотот на поп-sвездата. Џоди Монтгомери, која управува со секојдневната благосостојба и со медицинските одлуки за Бритни, засега останува во својата улога. Судијката застана на страната на адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт, и се согласи дека во најдобар интерес на Бритни е нејзиниот татко да биде отстранет од аранжманот. Правните застапници на Џејми го агрументираа неговото суспендирање од конзерваторскиот мандат и сугерираа дека прекинот на комплексниот аранжман е вистинскиот начин на дејствување. Пресудата е значајна победа за Бритни, која беше под контроверзен надзор во изминатите 13 години и која претходно повика татко ѝ и инволвираните во контролата на нејзиниот живот да завршат во затвор.
Comments