top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тата Мартино: Ова е некој поинаков Меси

Лионел Меси повторно ќе соработува со Тата Мартино и тоа откако двајцата речиси истовремено пристигнаа во Интер Мајами, а аргентинскиот стручњак открил интересен став во однос на својот сонародник.

Мартино му беше селектор на Меси во аргентинската репрезентација и тренер во Барселона, па добро го познава трофејниот фудбалер, а по првите тренинзи излегол со интересен заклучок.

– Кога Интер Мајами се интересираше за Меси, тој беше поблиску до враќање во Барса. Но, во еден момент работите се променија и тој реши да стане дел од овој интересен проект.

– Неколку дена работиме заедно и можам да кажам дека се работи за многу поинаков Меси.

– Трофеите со Аргентина во Копа Америка и пред се на Светското првенство го направиле многу помирен. Очигледно е дека му е паднат голем товар од рамената, кој претходно го носеше во текот на целата кариера. Истовремено, тој тренира со истата желба и страст како и претходно, – изјавил Мартино.


2 views

Comments


bottom of page