top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тасевски: Се надеваме дека ОИ ќе бидат отскочна даска за Мојсовска до европско финале и медал

29.07.2024 Juli Ponedelnik

Анастасија Мојсовска со одличен резултат го заврши својот настап на Летните Олимписките игри во Париз. Во своето деби на Игрите, македонската стрелачка Мојсовска, настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.

Во квалификациската рунда, по шесте серии имаше вкупен резултат од 625.3 погодени кругови. Нејзиниот најдобар резултат останува 628.8 кругови.

Тој резултат ја рангираше на 31. место во конкуренција на 43 натпреварувачки. За жал не беше доволен да обезбеди место во финалето, кое ѝ избега за шест круга.

Тренерот Јордан Тасевски со свое видување за настапот на Анастасија:

– На ова прво учество на Олимписки игри за неа постигна висок резултат од 625.3 кругови со серии: 104.5 103.7 104.3 104.4 104.0 104.4 и се пласира на 31 место од вкупно 43 натпреварувачки. Во оваа дисциплина позади нас оставивме олимписки, светски и европски  медалисти од земји како што се: САД, Франција, Чешка, Египет, Велика Британија, Бразил и др. Во текот на натпреварот таа погоди 57 центри од вкупно 60 испукани дијаболи за времетраење од 1 час и 15 минути, но во стрелаштвото секој еден зголемен пулс од срцебиење или адреналин делува на квалитетот на центрите што и одлучува кој на крај ќе биде најдобар.

За влез во финална борба или пласман во првите осум во воздушна пушка жени потребни ни беа 631.3 кругови, односно ни фалеа шест кругови. Овие Олимписки игри се покажаа доста посилни во однос на резултатот споредбено со минатите Олимписки игри во Токио, каде што за влез во финале потребни беа 628,3 кругови. Се надеваме дека овие Олимписки игри ќе бидат една отскочна даска за 22-годишната Анастасија до европско финале и медал на Европското првенство кое нѐ очекува во почетокот на 2025 година – вели Тасевски.


4 views

Comments


bottom of page