top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тарантино става крај на кариерата: Го снима својот последен филм со Бред Пит

02.02.2024 Februari Petok

Холивудската ѕвезда Бред Пит повторно ќе соработува со Квентин Тарантино, по успешните улоги во филмовите „The Damned“ и „Once Upon a Time in Hollywood“. Тој ќе глуми во десеттиот и последен филм на Квентин Тарантино, насловен „The Movie Critic“.Десеттиот филм на режисерот на „Pulp Fiction“ ќе биде сместен во 1977 година во Јужна Калифорнија и ќе се фокусира на реален, циничен филмски рецензент кој пишувал за порнографско списание, пренесува „НМЕ“.

Филмот најверојатно нема да започне со производство до средината на 2024 година или подоцна.

Во моментов, актерот прво треба да сними филм за Формула 1 од режисерот на „Top Gun: Maverick“, Џозеф Косински, во кој игра возач кој излегува од пензија за да се натпреварува заедно со дебитант.

Пит и Тарантино претходно работеа заедно на „ Inglourious Basterds“ од 2009 година и на „ Once Upon A Time… In Hollywood“ од 2019 година, што му донесе на Пит, Оскар за најдобра споредна машка улога.


5 views

Comentarios


bottom of page