top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тарантино не сакал Џони Деп да глуми во „Евтини приказни“

Неколку пати во годината на социјалните мрежи почнува да кружи кастинг листата за култниот филм на Квентин Тарантино, Pulp Fiction („Евтини приказни“). И секоја година оваа листа станува вирална. „Мојот список со желби за екипата на ‘Евтини приказни’ кружи на интернет. Не знаев точно кого сакам за оваа или онаа улога, па направив огромен список со еден куп имиња”, рече тој во поткаст, додавајќи дека единствено сакал имињата да бидат одобрени. Списокот содржи имиња на актери кои Тарантино ги имал предвид за одредени улоги во филмот, од фаворити до втор и трет избор, а на фановите едно име им паднало в очи. Џони Деп бил на кастинг листата за улогата на Пампкин, но како втор избор. Миленик на Тарантино од самиот почеток бил Тим Рот, кој на крајот ја доби улогата. Интересно, Тарантино откри во поткастот дека Деп не бил неговиот прв, па дури ни втор избор (тоа бил Кристијан Слејтер), но неговото име го форсирале од раководството на студиото. Деп бил причина за конфликт меѓу Тарантино и коосновачот на „Орион пикчрс“ и поранешен директор на „Тристар пикчрс“, Мајк Медавој, кој не сакал да го одобри снимањето. Интересно е тоа што Тарантино сметал дека Деп нема да биде доволно профитабилен, па го прашал Медавој: „Со Џони Деп во улога на Пампкин во овој филм, во воведната и завршната сцена, мислиш ли дека ќе заработи пари на благајните? Тој во тоа улога?“ Медавој одговорил: „Нема да заработи ниту цент, но ќе ме направи среќен“. На крајот, Тарантино успеа во својата визија. „Мирамакс“ го презеде филмот, а Тим Рот ја доби улогата.




0 views

Comentários


bottom of page