top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Танцовата претстава „Импулс“ во чест на Емилија Џипунова вечерва во МНТ

Updated: Nov 16, 2021

15.11.2021 Noemvri Ponedelnik

Скопје танцовиот театар, кој прославува 10 години постоење, вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Импулс“ и ќе ја посвети на Емилија Џипунова, доајен на балетската уметност во земјава и годинашен добитник на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

Кореографката Рисима Рисимкин, раководителка на Скопје танцов театар, вели дека секогаш се радуваат кога работата на уметниците од областа на танцот ќе добијат признание за својот труд. „Ова е награда која госпоѓа Џипунова апсолутно ја заслужува со својот долгогодишен труд и придонес, не само за балетската уметност, туку и за танцовата уметност во целост, и со радост ќе настапиме во нејзина чест“, истакнува Рисимкин.

Претставата „Импулс“ е дел од јубилејната програма која ќе заврши на почетокот на декември кога Скопје танцов театар ќе има гости до Холандија, од Скапино балет Ротердам. „Заедно ќе го чествуваваме танцот. Завршниот настан, кој ќе се одржи на 9 декември во Македонскиот народен театар, го подготвуваме во соработка и со поддршка на Холандската амбасада, а работата на Скопје танцовиот театар е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје“, посочува Рисимкин.

Претставата „Импулс“ е составена од три дела. Првиот дел е танцовиот перформанс „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска, во кој настапуваат Дејан Битровски и Анастасија Данчевска, потоа следува танцовиот филм „Дома“ во режија и кореографија исто така на Данчевска, а завршува со „Меѓусвет (Убавите жени)“ во режија и кореографија на Рисима Рисимкин, инспирирана од творештворто на Блаже Конески. Автор на музката за „Меѓусвет(Убавите жени)“ е Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а дизјанот на сцената е на Матеа Мијановиќ. Во претставата настапуваат Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, Ивана Балабанова, како и студентите на Катедрата за современ танц од Штипскиот универзитет – Сара Димковска, Стефани Шааршмит од Германија и Емилија Милак од Црна Гора.


1 view

Comments


bottom of page