Танцов перформанс „Јовано, Јованке“
Авторскиот танцов перформанс на Јована Зајкова, „Јовано, Јованке“, ќе се одигра во вторник, во 21 часот, во салата „25 Мај“, во Младинскиот културен центар.
– Ова е претстава за Јована – креативен, нефиктивен лик и мешавина од нејзините размисли и идеи. Наместо да ги пласира на социјалните мрежи користејќи ги најновите и најмодерни филтри и ефекти, Јована реши да ги претстави на сцената. Па сите вие на кои ви се потроши батеријата на телефонот, ве заболе прстот од скролање или, пак, едноставно сакате во живо да ѕирнете во нечија туѓа интимност, ова е настан што не би сакале да го пропуштите – велат организаторите.
Авторка и изведувачка на перформансот е Јована Зајкова.
Соработник во развојот на перформансот и кореографијата е Бобан Русески.
Перформансот „Јовано, Јованке“ е развиван како авторски проект на Јована Зајкова, во рамките на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција Прво, па женско – испробување феминистички иднини.
Comentários