Search
Танкица Стојанова назначена за в.д. директорка на Центарот за култура во Струмица
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
15.03.2022 Mart Vtornik
Министерството за култура ја назначи актерката Танкица Стојанова за в.д. директорка на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, откако досегашен вршител на оваа функција беше Боби Ѓошиќ.
Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура. Стојанова е дел од ансамблот на Театарот „Антон Панов“ и до изборот на нов директор таа ќе раководи со оваа установа.
Лани иницијативата „Култура или фискултура“, во која членуваа актери од струмичкиот театар, организираше повеќе протести во Струмица и Скопје со кои предупредуваа на незаконитоста на постапката за избор на тогашниот директор Васил Бубев. Лани, во септември, тој не беше повторно избран, а оттогаш НУЦК „Антон Панов“ е со в.д. директор.

Kommentare