top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Танец се враќа со „Мелем песна“ и концерти „под ѕвездите“

Токму вокално-инструменталниот концерт насловен „Мелем песна“, на хорот и оркестарот на Танец, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе се одржи на 16 јули во „Сули ан“, со почеток во 20:30 часот. Овој концерт е петти во низата музички изведби на отворено од првата летна вокално-инструментална серија, кои се одржуваат во пет македонски градови – Велес, Прилеп, Македонска Каменица, Кавадарци и Скопје. По нив, „Танец“ ќе ја започне и втора серија од три големи музичко-сценски концерти, наречена „Танец под ѕвездите“, на фестивалите во Струмица, Охрид и Битола…

Нашиот амбасадор во светот, националниот фолклорен ансамбл „Танец“ по повеќемесечниот пандемиски застој, во рамките на новата сезона „Враќање“, ги израдува љубителите на изворната македонска музика со најава за „Мелем песна“ и концерти -…под ѕвездите.

Токму вокално-инструменталниотконцерт насловен „Мелем песна“ на хорот и оркестарот на Танец, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески,ќе се одржи на 16 јули во „Сули ан“ со почеток во 20:30 часот. Овој концерт е петти во низата музички изведби на отворено од првата летна вокално-инструментална серија, кои се одржуваат во пет македонски градови: Велес, Прилеп, Македонска Каменица, Кавадарци и Скопје. По нив, „Танец“ ќе ја започне и втора серија од три големи музичко-сценски концерти, наречена „Танец под ѕвездите“, на фестивалите во Струмица, Охрид и Битола.

„Настапот во рамките на Скопско лето е со песни од репертоарот на ’Танец’ кои се адаптирани за настап на оваа манифестација. Ќе има изворни песни, чалгаџиски, песни со оркестар, хорски и дуетски изведби, шаренолика програма и композиции кои досега не се изведени и слушнати. Веќе на 23 јули следи концерт во Струмица на плоштад, а проектот е наречен ’Танец под ѕвездите’. На 26 и 28 јули настапуваме на Хераклеја во Битола, на отворањето на ’Илинденски денови’, каде што ќе имаме заеднички концерт со фолклорниот ансамбл “Ладо“ од Хрватска, додека на 28 јули ќе настапиме на Антички театар во рамките на оф програмата на Охридско лето. Средствата од влезниците од овој концерт ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Ќе имаме и концерт на 2 август…“, открива Мартин Вучиќ, директор на НУ „Танец“. На 5 ноември според Вучиќ, е закажан и концерт во рамки на „Есенски музички свечености“ кога ќе биде промовиран заеднички инструментален проект со нашиот познат гитарист Влатко Стефановски.

„Тоа се десет композиции кои заеднички ќе бидат адаптирани. Се работи за обработка на стари македонски ора и песни. Инаку, во меѓувреме почнуваме и проект со антологиски кореографии. Во 2020 извадивме партитури за песните и сега истите тие партитури, се снимени на ЦД така што сите идни генерации ќе ги имаат нотите и ќе можат да слушаат како правилно се изведува фолклорот“, додава Вучиќ.

Тој посочува дека повеќе од 80 проценти од членовите на ансамблот „Танец“ се со стекнат имунитет, што им овозможува да функционираат.

„Иако во декември годинава требаше да реализираме голема американско-канадска турнеја, поради немање на соодветни термини за настап, таа е поместена од 13 до 27 февруари 2022 година, во рамките на која треба да настапиме во осум градови“, истакнува директорот на “Танец“.

Инаку, “Танец“ е ансамбл кој е познат и почитуван во целиот свет, кој ужива посебен углед заради професионалниот пристап и автентичноста на репертоарот.

Она што исто така е битно за овој наш национален ансамбл е и обезбедување на сопствен објект со подобри услови за работа и поголема сала, со оглед дека постојните простории се недоволни за нивно нормално функционирање.

„Константно се разговара на тема нов објект за „Танец“. Но, во меѓувреме се родија и нови идеи да се најде решение кое помалку ќе ја чини државата. „Танец“ да добие објект, но да не бидат потрошени астрономски суми од десетици милиони евра, бидејќи со тие пари може и болница да се изгради. Сепак постојат и салите во сопственост на град Скопје кои ’Танец’ може да ги добие и истите да се реновираат и да заличат на пристоен објект“, додава Вучиќ. (Д.Т.)


3 views

Comments


bottom of page