top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Талески: Многу прокоцкавме, ќе се пласираме на СП ако…

Македонија со позитивен резултат се враќа од гостувањето во Злин кај Чешка во баражот за Светското првенство, но останува впечатокот дека пропуштивме можност да донесеме предност, победа и со тоа да си го олесниме реваншот во Скопје.

Сепак ремито од 24-24 мора да се прифати, да се извлечат поуки од истото и во недела во СЦ „Борис Трајковски“ водени од публиката да обезбедиме билет за мундијалот со кој ќе го продолжиме континутетот на големите натпреварувања.

-Можевме и тука да завршиме една добра работа, меѓутоа многу прокоцкавме. Имавме контрола до 42-43 минута, имавме квалитетна одбрана, напад, ги изненадивме со брзи голови на почеток на второто полувреме. Додека се свестеа, ние мораше уште малку да нагазиме. Ама тоа е што е, овој резултат ќе не држи свесни. Ако некој ни дадеше реми пред мечот, ќе го прифатевме со задоволство.

-Бевме свесни оти Чешка е квалитетен противник, имаат добар тим. Сабате ќе проба да смени нешто во Скопје, пред се во одбраната. Ние мора да се фокусираме на нашата игра, не смее да имаме таков пад како во второто полувреме. Ако одиграме во Скопје како овде до 42 минута, сигурен сум дека ќе одиме на СП. Знаеме што очекува во Скопје, се надевам дека со поддршка на навивачите ќе ја оствариме целта, – изјави Талески.


2 views

Comments


bottom of page