Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ
Најталентираната млада македонска ракометара, Ива Младеновска си заминува од нашата земја и во иднина ќе го носи дресот на Брест Бретањ од Франција.
Младеновска ќе ја доврши актуелнава сезона во Металург по што се сели во еден од најквалитетните француски клубови со кои договори соработка до 2027 година. Ива иако има само 16 години таа веќе има настапи и за нашата сениорска репрезентација, а нејзиниот квалитет, потенцијал го забележаа луѓето од Брест Бретањ кои со ова продолжија да го градат тимот затоа што претходно ги ангажираа Одри Дембеле, Жулиет Фор, Валерија Маслова и Шарлот Чолевова.
-Ракометот во Франција е на многу повисоко ниво, ама јас сум подготвена за нови предизвици и се надевам ќе му помогнам на клубот во иднина. На навивачите можам да им порачам дека ќе видат одлични акции и дека заедно ќе можеме да славиме многу победи, -порача македонскиот бисер.
Брест Бретањ е на второто место во Франција со 45 бода или три помалку од лидерот Мец.
Comments