top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Такси Конзилиум“ и Дино Имери на „Крај Вардарот Џез“

Updated: Oct 6, 2021

05.10.2021 Oktomvri Vtornik

Во рамки на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“, утревечер, во 20 часот, во кино Фросина при МКЦ ќе настапи квартетот „Такси Конзилиум“. Веднаш по нив, соло на пијано ќе настапи Дино Имери, еден од најдобрите надоаѓачки композитори и пијанисти за современа класична музика кај нас.

„Такси Конзилиум“ е квартет на еден од македонските водечки џез гитаристи, Филип Букршлиев. Албумот „The Essential Sunday Gloom“ во издание на ПМГ Џез е прогласен за џез албум на месецот на Бенд Кемп, каде што патем речено извонредно проаѓа. Во „Такси Конзилиум“, освен него, членуваат уште неколку извонредни млади музичари: Андреа Мирческа на контрабас, Драган Теодосиев на тапани и Благојче Томевски на кларинет. Нивниот звук е цврст и силно модерен, небаре излезен од некој „катинг еџ“ њујоршки џез клуб.

Дино Имери, пак, веќе издаде и промовираше успешно авторско ЦД со наслов „Refleciotns“ за ПМГ Џез. Неговиот развој како композитор на современа класична музика е поврзан со оваа дискографска куќа, за која во моментов подготвува ново издание.

Инаку, „Крај Вардарот Џез“ е годишен фестивал на дискографската куќа ПМГ Џез. Фестивалот е логична последица на работата на оваа издавачка куќа, која успеа за само 3 години да издаде 30 висококвалитени изданија, да внесе раздвиженост на џез сцената и да потикне нов бран артисти.

Минатата година беше реализирано првото издание на фестивалот, кое беше еден од најзабележителните и најквалитетни музички настани во земјата за 2020-та. И покрај пандемиските услови, фестивалот остави силен впечаток кај публиката и критиката.


2 views

Comments


bottom of page