top of page

Тажна вест: Почина поранешниот спортски директор и тренер на Вардар

31.03.2026 Mart Vtornik

Белорускиот ракометен клуб Мешков Брест објави тажна вест за смртта на Едуард Кокшаров. 51-годишниот тренер кој во минатото ги водеше машката и женската екипа на Вардар изненадно почина во Брест.

Кокшаров е добро познат во мак-ракометот поради својата запазена улога која своевремено ја имаше во Вардар. Долги години тој беше спортски директор, а на моменти беше и решение за клупата во машката и женската екипа. Како човек близок до Сергеј Самсоненко тој беше дел од најголемите успеси на „црвено-црните“, односно освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите на машката екипа во 2017 и 2019 година. 

Во меѓувреме Кокшаров беше и селектор на Русија во машка конкуренција, па од 2022 до 2023 го водеше женскиот тим на Ростов Дон. Потоа ја презеде клупата на Мешков Брест која ја водеше до денес. Кокшаров имаше запазена репрезентативна кариера и освојуваше медали со Русија, а постигна и преку 1.000 погодоци.


 
 
 

Comments


bottom of page