top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ТАЕКВОНДО – КЛУПСКО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ТИРАНА

18.06.2024 Juni Vtornik

на ТК Тигри од Скопје, Милијана Рељиќ (категорија до 62 кг) постигна огромен успех, освојувајќи златен медал на Европското клупско првенство (ЕП) во Тирана (Албанија). Таа со овој медал успешно ја продолжи низата освојување медали од големи натпреварувања. На ова ЕП настапи и Горјан Бадаровски (до 87 кг). На шампионатот учествуваа повеќе од 1.200 таеквондисти во сите возрасти, во сениорска конкуренција 291, а во категоријата на Рељиќ имаше 18. На ЕП не се пријавуваат екипи, туку секој клуб може да пријави колку сака натпреварувачи во секоја тежинска категорија.

– На последните седум турнири Милијана освои пет медали, моментно е осма на светската ранг-листа (158,43 поени), но со овие новоосвоени 10 поени може да избие на петтата позиција. Она што го забележувам кај Рељиќ е доведување до совршенство одредени техники, со кои драстично отстапува од другите натпреварувачки. Посебно со кондициската подготвеност таа е меѓу петте најдобри во светот во женска конкуренција. Зрелоста за совладување тешки моменти, на пример, во втората борба со Татјана Томчак од Полска, од која лани беше поразена, сега во првата рунда Рељиќ ја доби со 12-4. Во втората рунда Татјана направи разлика од 10-3, а во таа ситуација Милијана израмни на 11-11, односно со кондициската подготвеност постојано ја изнудуваше ривалката да излегува надвор од рингот, за што таа доби пет казнени поени, а со тие казнени поени, без разлика на резултатот, се губи рундата – вели тренерот Александар Ефтимов.

Во првото коло Рељиќ беше слободна, а во второто ја победи Италијанката Грета Тарвара. На патот кон медалот, Македонката ја совлада Томчак од Полска, во полуфиналето беше подобра од Сервел Чакал од Турција, од која во минатото двапати загуби, а во финалето славеше на дуелот со Јулија Шпак од Полска, која редовно освојува Г1-медали. Сите ривалки Милијана ги победи со 2-0 во рунди.

Следува летна пауза на натпреварувачки план.

– По септември продолжуваат натпреварите, а освен Летните олимписки игри, овие два месеца нема турнири. Сега ќе се фокусираме на тренинг- кампови, а уште идната недела одиме во Трикала, Грција, на спаринзи со олимпијката Фани Цели. Проблем ни е што во следните два месеца сме повторно без сала за вежбање, оти во училиштето каде што тренираме преку летото нема втора смена и е затворено, што претставува голем парадокс, бидејќи вчера освоивме европски медал, а денеска немаме сала за тренирање – вели Ефтимов. Г.И.


1 view

Comentarios


bottom of page