top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сјајот на божицата од Бронкс: Џенифер Лопез ги сподели тајните за убавина

Џенифер Лопез ги сподели своите тајни за убавина во ретко видео без шминка. 53-годишната ѕвезда се огласи на „Инстаграм“ и ги откри производите и техниките што ги користи за да го постигне својот таканаречен сјај на божицата од Бронкс. Холивудската дива, која е родена и израсната во Њујорк, во видеото за туторијалот вели: „Многу од вас прашуваа кој е мојот препознатлив, брз, петминутен изглед. Па, јас го нарекувам сјајот на божицата од Бронкс и тоа се четири лесни чекори“. „Ова е кога треба да направите нешто навистина брзо за вечер само за девојки. Не сакате да бидете пренатрупани, не се обидувате да импресионирате никого, туку само се обидувате да изгледате најдобро“. Во видеото, Џенифер, без никаква шминка на себе, користи производи од сопствената линија за нега на кожа, „Џеј Ло бјути“ (JLO Beauty). Ѕвездата откри дека користи серум за убавина „џеј ло“, блокбастер крем „џеј ло“, крем за очи „џеј ло бјути фреш“ и „џеј ло бјути комплекшн бустер“ за да го постигне својот препознатлив изглед. „Ако сакате, додајте малку сјај. Малку сјај за усни никогаш никому не му штети. Маскара, тоа е опционално“, додава таа во видеото. Џенифер, која е во брак со холивудската ѕвезда Бен Афлек, на крајот се пошегува дека нејзините обетки со златен обрач не се опционални. „Ова не е опционално. Убавице од Бронкс, мора да ги имаш твоите обрачи на уво“, се пошегува таа. Во меѓувреме, Бен неодамна ја пофали својата сопруга дека изгледа како да има 20 години. Афлек, кој се ожени со Џенифер во 2022 година, нагласи дека исклучителната работна етика на неговата сопруга е еден од клучевите за нејзиниот младешки изглед. Во емисијата на Дру Баримор тој рече: „Таа вежба. Вежбам и јас. Но, не изгледа дека имам 20 години, знаете на што мислам?“ „Нема одземање на работната етика. Работната етика е реална, дисциплината е многу реална. Но, и натчовечкото е реално. Таа е најубавата жена на светот, изгледа спектакуларно“, рече Афлек за својата сопруга.





0 views

Comments


bottom of page