top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сѐ повеќе одложени средби во европските купови

09.02.2021 februari vtornik

РАКОМЕТ

Како последица на новите рестрикции во Франција и во Германија поврзани со пандемијата на коронавирусот, Европската ракометна федерација (ЕХФ) одново мораше да одложи натпревари во европските купови, и тоа дури 26, од кои по 13 во машка и во женска конкуренција. Кај мажите, одложени се пет натпревари во Лигата на шампионите (ЛШ) и осум во Лигата на Европа (ЛЕ), додека, пак, кај девојките, нов датум чекаат девет меча во ЛШ и уште четири во ЛЕ. По завршувањето на есенскиот дел од сезоната, Извршниот комитет на ЕХФ одлучи дека 4 март е последен датум за одигрување на натпреварите од групната фаза. Натпреварите што нема да се одиграат во предвидениот термин, треба да бидат регистрирани со службен резултат за еден од тимовите, во зависност од причините поради кои биле одложени. Според бројот на одложени натпревари досега, се чини дека до 4 март тешко дека ќе се одиграат сите заостанати или одложени средби, па можно е сите тимови од Лигата на шампионите сезонава да играат во осминафиналната фаза. Не е познато како ќе се игра новоформираното натпреварување, Лигата на Европа, ако натпреварите од групната фаза не се одиграат во предвидениот рок.


3 views

Comments


bottom of page