top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сцената на Бродвеј повторно отворена – фестивалска ноќ на овации и солзи

15.09.2021 Septemvri Sreda

Сцената на Бродвеј од синоќа е повторно отворена по најдолгата пауза во неговата историја во траење од година и пол. Театарската сезона во Њујорк започна во „ноќ на громогласни овации и солзи“ јави денеска Њујорк тајмс.

Едни од најгледаните мјузикли како „Кралот лав“, „Злобна“, „Хамилтон“ и „Чикаго“, од ноќеска повторно се на репертоарот, 18 месеци откако пандемијата на коронавирус ги принуди да запрат со прикажување.

Овие претстави не се првите и единственик кои се враќаат на сцена, но тие се мотор на театарската енергиија во САД и нивното враќање ја симболизира силата и опфатот на оваа индустрија.

-Театарот се врати… имаше многу прегратки и солзи ова лето откако сценските семејства се повторно заедно, пишува весникот.

Се наведува дека отварањето е со услов. Љубителите на театарот сепак ќе можат да ги следат преставите доколку се вакцинирани и носат маски. Тоа може да биде пречка во полнењето на салите во текот на сезоната, плус и фактот дека туристите не се вратени.

-Никој не знае како долгиот период без театар може да влијае на навиките за посета на театар, пишува весникот.

Отварањето на Бродвеј по година и половина пауза доаѓа во време кога други места за изведувачки уметности, во Њујорк и низ САД, повторо се отвараат за публика во живо и во затворени сали.

Во следните денови и недели се очекува отварање на Метрополитен операта, Њујоршката филхармонија, Балетот на град Њујорк, Холот Карнеги и Музичката академија Бруклин.


1 view

Comments


bottom of page