top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сцена од „Титаник“ е толку лажна што стана вирална

Култниот филм „Титаник“ од 1997 година е еден од најуспешните филмови на сите времиња, а една од сцените стана хит на социјалните мрежи иако од погрешни причини. Тиктокерката @jessveraaa објави вирално видео со сцена од филмот, која е толку лажна што ја насмеа до солзи исто како и многу други. „Го гледав ‘Титаник’ милион пати и дури сега, кога лежам дома болна, сфатив колку е лажна сценава“, напиша тиктокерката забележувајќи голем пропуст во продукцијата. Станува збор за сцената набргу по испловувањето на „Титаник“. Камерата се движи преку бродот за да ги покаже патниците на палубата пред да се фокусира на капетанот. Режисерот Џејмс Камерон користеше CGI-слики за оваа сцена, како и многу други, кои можеби изгледаа одлично во тоа време, но од денешна перспектива, во светот на специјалните ефекти, кои изгледаат совршено реалистични, сцената станува навистина смешна. Видеото собра 15,5 милиони прегледи, а многумина се согласија со неа во коментарите. „Верувај ми, не го забележавме ова во тоа време бидејќи филмот беше врв на технологијата“. Со оглед на тоа дека е направено во доцните 90-ти, ова е прилично пристојно CGI“, „Ова е Sims Titanic, верзија 1.0“, беа некои од коментарите.




2 views

コメント


bottom of page