top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

СЦ „Марко Божиновски“ деновиве пулсира во знакот на спортот и младите

РАКОМЕТ

Во изминатите три дена, на едно високоорганизациско ниво, со солидна заинтересираност на трибините и убава атмосфера можеше да се види квалитетен, фер и коректен ракомет. Настапуваат осум тима од Македонија, Србија и од Хрватска, а денеска се играат натпреварите за пласман

На првиот меѓународен меморијален турнир во ракомет за момчиња родени во 2004 година и помлади „Марко Божиновски“, на кој настапуваат осум тима од Македонија, Србија и од Хрватска, во организација на фондацијата „Марко Божиновски“, денеска се играат натпреварите за пласман. Во изминатите три дена, на едно високоорганизациско ниво, со солидна заинтересираност на трибините и убава атмосфера можеше да се види квалитетен, фер и коректен ракомет. Отвореното игралиште на СЦ „Марко Божиновски“ во населбата Ново Лисиче во Скопје пулсира во знакот на спортот и младите. Фондацијата основана со овој турнир како дел од активностите на истата таа ја продолжува мисијата на прерано починатиот млад ракометар, промовирајќи го ракометот како спорт што му беше голема љубов на Марко. – Со голем жар и емоција влеговме во организација на овој настан во чест на Марко, не дозволувајќи да се избрише споменот за него. Презадоволни сме од досегашниот тек на настаните на СЦ „Марко Божиновски“, атмосферата, интересот и, секако, спортската борба и желба со која настапуваат овие млади ракометари. Ова е премиерно издание и уште во почетокот може да се забележат убава енергија и атмосфера околу спортскиот центар. Можеме да кажеме дека турнирот има голем потенцијал и да ветиме дека од година на година ќе растеме и ќе се надградуваме. Им благодариме на сите наши партнери и пријатели што го помагаат турнирот, како и на жителите на општината Аеродром и Скопје, кои го посетија истиот тој – ни изјави Ристе Божиновски од фондацијата „Марко Божиновски“, организатор на турнирот.

Резултатите од попладневниот дел на вториот натпреварувачки ден се: Нексе – Еурофарм Пелистер 39-25, Алкалоид – Голден Арт 31-23, а од вчера во претпладневниот термин: Нексе – Голден Арт 34-30, Алкалоид – Еурофарм Пелистер 31-30. Денеска, на последниот натпреварувачки ден од турнирот се среќаваат Војводина – Пролет и Нексе – Алкалоид. Од 13 часот почнуваат натпреварите за пласман, финалето е од 18 часот, а од 20.30 часот е церемонијата на свеченото затворање на турнирот, на која ќе бидат доделени пехарите и медалите и ќе бидат прогласени најдобриот голман, стрелец и играч на турнирот.


0 views

Comments


bottom of page