top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Суперлигата“ претстави нов формат кој не е затворен само за богатите, Тебас порача: Волкот се претв

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се единствените клубови кои останаа „живи“ и ја продолжија битката за Суперлигата, натпреварување кое во последно време е се поизвесно поради директните удари кои ги добија УЕФА и ФИФА.

Суперлигата го доби последното рочиште во Мадрид и независниот суди одлучи дека легитимно е да се организира уште едно натпреварување кое ќе биде конкурент на двете најважните тела во фудбалот, па така менаџерот Бернд Рајхарт денеска ја презентираше новата идеја за подобрениот формат на Суперлигата.

Новиот директор за Суперлигата назначен од Флорентино Перез денеска ги образложи новите идеи за натпреварувањето преку компанијата „А22“, а истите доста се разликуваат од првичниот план во кој требаше да гледаме затворен турнир на богатите.

Наместо првичната идеја од само 20 клуба, Рајхарт сега објаснува дека новата Суперлигата е драстично поопфатна и ќе има место за 60 до 80 европски клуба, а истите ќе бидат поделени во четири дивизии.

Официјално презентираниот план за новата Суперлигата експресно предизвика многу реакции во јавноста, а Хавиер Тебас како прв човек на Ла Лига сликовито се обиде да долови како ја доживеал оваа модификација.

– Суперлигата е волк кој се претвори во баба и сака да го измами европскиот фудбал, но нејзините заби се толку големи и лесно е да се разоткрие. Четири дивизии? Секако, првата е само за оние најважните, за богатите. Еднакви права? Да, само за најголемите, – порача Тебас.


2 views

Comments


bottom of page