top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Суперкомпјутер ја предвиде завршната табела во ПЛ по трансферот на Роналдо во Јунајтед


За неколку дена се враќаат возбудувањата во Премиер лигата и тоа со средбите од четвртата рунда, коло кое може да го донесе дебито на Кристијано Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед и тоа против Њукасл.

Пред овие закажани возбудувања Суперкомпјутер направи симулација и предвиде кој ќе биде нов шампион во елитната англиска конкуренција. Според пресметките на врвот и понатаму ќе остане Пеп Гвардиола со Манчестер Сити, клуб за кого ова ќе биде четврто славје во последните пет сезони.

На втората позиција ќе биде Челси, третото место е резервирано за Ливерпул, додека четврти е Јунајтед што ако се оствари ќе биде големо разочарување со оглед на тоа што „црвените ѓаволи“ во летниот преоден рок освен Кристијано ги доведоа Варан и Санчо.

„Лисиците“ од Лестер одново ќе извисат за ЛШ и ќе го освојат петтотото место, додека зад нив ќе биде Тотенхем.

Кога е во прашање пак другата страна на табелата, Норич ќе биде последен, а освен „канаринците“ лигата ќе мора да ја напуштат Вотфорд и Кристал Палас.


0 views

Comments


bottom of page